Костадинов: Би сакал ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат на средбата и да гласаат за Законот за ЈО

од Aleksandar Todeski
371 прегледи

Како една од точките на дневен ред на Централниот одбор на СДСМ вечерва ќе се најде и Законот за Јавно обвинителство, за кој утре средба ќе имаат и пратеничките групи во Собранието.

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов пред почетокот на Централниот одбор во изјава за медиумите рече дека се надева дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе се појави на средбата, бидејќи е неизвесно дали нивните претставници ќе седнат на иста маса со останатите пратеници кои ќе дебатираат по сите предлози кои беа изнесени на Јавната дебата.

„Јас би сакал ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат на разговорите, да гласаат за Законот за Јавно обвинителство и да бидат конструктивни. За жал се што покажаа до сега е спротивно. Законот се покажа дека е клучен за европската интеграција на Северна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ со се што прават покажуваат дека се против ЕУ, против НАТО, против повисоки плати и пензии и против отпишување на каматите на граѓаните“, рече Костадинов.

На Централниот одбор една од точките ќе биде и правење на понезависен Парламент, точка за која тој кажа дека ќе изнесат повеќе информации откако седницата ќе заврши.

А.Т.

Слични содржини