Костадинов: Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставки (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Сега, откако оставката од колегата Павле Богоевски е извесна, останува отворено уште само едно прашање:Дали пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски предмети, ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието на
Република Северна Македонија?“, прашува денеска Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Отсега, прашањето веќе не е дали Павле Богоевски има легитимитет да ја води Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, туку дали колегите пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат да го бранат криминалот на нивниот почесен претседател во бегство, Никола Груевски?“, додава тој.

Слични содржини