Костадинов: Додека ВМРО-ДПМНЕ колне и плука, ние го спремаме шестиот пакет економски мерки

од Nikola Popovski
294 прегледи

„Додека ВМРО-ДПМНЕ плука и колне, ние го спремаме шестиот сет на економски мерки за поддршка на граѓаните во оваа криза со КОВИД-19“, напиша пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов на социјалните мрежи, откако дел од симпатизерите и членови на опозициската партија упатија навредливи зборови и реагираа остро кон двајцата пратеници од мнозинството, кои позитивни со Ковид-19, вчера присуствуваа во Собранието на гласањето на Законот за петтиот пакет мерки.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за утре најави дека ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

„Присуството на двајца позитивни пратеници, спротивно на сите законски норми по никоја цена не беше оправдано, а секој обид за нивно воздигнување во т.н. статус на херој е срамен и безобразен чин во очите на вистинските херои на оваа пандемија. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ цела недела најавуваа, а тоа се потврди и со самиот чин на гласање, дека ќе дадат поддршка на петтиот сет еконономски мерки“, изјави денес координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски.

Собранието вчера за половина час ги изгласа трите закони кои се од петтиот пакет економски мерки за справување со последиците од ковид-кризата.

Едногласно со 113, односно 115 гласа „за“ поминаа Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година, Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход, сите по скратена постапка.

Слични содржини