Костадинов: Каде плови овој брод на ВМРО-ДПМНЕ?!

од Nikola Popovski
593 прегледи

„Во момент кога треба да ги разгледуваме и гласаме точките за поддршка на граѓаните во оваа КОВИД пандемија, пратениците на опозицијата без грам чувство ја напуштија салата“, објави пратеникот од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој им се извини на сите граѓани „што имаат болни пратеници, за жал дел и хоспотализирани и дека не се во можност да ги изгласаат точките“.

Наместо пратенички прашања, денеска прво во Собранието ќе се одржи 36-тата седница во чии точки на дневен ред се и законите за економската помош од петтиот пакет.

Опозицијата бурно реагирала, сметајќи дека ќе нема право да поставува прашања, по што го напуштила Собранието.

Слични содржини