„Генерации и генерации воспитавме во духот на секојдневна кавга и фаталност. Мораме да престанеме со тоа. Мораме новите генерации да ги воспистаме со тоа дека мора заеднички да ја градиме иднината. Ние можеме да дискутираме за политики, конкретни идеи и мерки. Да се надмудруваме што е подобро и гласачите да изберат, но не за стратешкиот интерес на државата. За мене е неприфатливо самите да ја разнебитуваме државата“ изјави потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов во дебатата со пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во „24 отворено“ на ТВ24.
Тој додадедека политичарите мора да покажат дека се, пред се, одоговрни граѓани, а потоа функционери и да испорачаат заеднички резутлати.
„Да ги оствариме стратешките цели и да се движиме напред како горди Македонци, бидејќи ние сме горди Македонци и во моментов“ рече Костадинов.
Потпретседателот на СДСМ рече дека земјава има преговарачката рамка која го штити македонскиот идентитет, јасни се процесите.
„Многу лесно може да испорачаме политички ставови на граѓаните кои ни го креваат рејтингот, но на крајот резултати и дела нема да имаме. Затоа е значајно граѓаните да имаат верба во овој процес“ рече Костадинов.