Костадинов: Некои луѓе како да се радуваа за пожарот во „Глобал“

од Nikola Popovski
360 прегледи

Пратеникот од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов соопшти дека е изненаден од злобните коментари по повод пожарот што синоќа се случи во молот „Глобал“ во Струмица.

„Јас како и многу граѓани на Струмица сум изненаден од злобните коментари на одредени граѓани, за жал некои луѓе во текот на огнената стихија, како да се радуваа за пожарот. Мои сограѓани, таквите луѓе не можеме да ги промениме, едноставно се такви со празни души, без грам сочувство и емпатија“, вели Костадинов.

Тој додава дека е убеден дека таквите луѓе се само гласно малцинство, наспроти искрените, наспроти молитвите на добрите луѓе кои во себе го чувствуваат секој атом на пожртвуваност на пожарникарите, на полицајците, на сите кои учевствуваа во гаснењето на пожарот.

„Верувале или не на таквите празни души, препорачувам да им простиме, оти тие буквално не знаат што направиле“, објави пратеникот.

Пожарот, кој избувна синоќа по 23 часот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица е изгаснат вчераутро

Според Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица, пожарот во „Глобал“ бил пријавен од стражарската служба, а пожарникарите стасале за 3 минути. Најпрвин избувнал во делот каде се врши доставување на стока и брзо се проширил.

-Опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, како и на дел од вториот. При гаснењето е повреден еден пожарникар, кој вдишал јаглероден монооксид и беше пренесен во болницата во Струмица каде по укажаната помош е пуштен на домашно лекување, рече Гудев.

Тој побара од граѓаните да се воздржат од негативни коментари по социјалните мрежи и да не се шири говор на омраза. Како што рече, пожарникарите својата работа ја работат спопред прописи, правила и процедури и најостро ги демантираше информациите дека пожарникарите делувале ненавремено.

Слични содржини