Костадинов оптимист дека за Законот за Јавно обвинителство ќе гласаат над 80 пратеници

од Aleksandar Todeski
358 прегледи

Пратеникот и порптарол на СДСМ, Костадин Костадинов пред продолжението на седницата на која треба да се разгледа Законот за Совет на јавни обвинители, ги повика пратениците од сите пратенички групи да го дадат својот глас за Законот за Јавно обвинителство.

„Законот за ЈО е темел за вистинска, неселективна правда и правосудство кое гарантира одговорност за секој кој го прекршил законот. Пратениците на СДСМ и Коал. се на страната на правдата, а од друга страна е извршителот Мицкоски кој по налог на неговиот шеф Груевски се обидува да ја попречи правдата. Нема да успее мисијата на Мицкоски да го спаси од одговорност Никола Груевски и бандитите во ВМРО-ДПМНЕ“, рече Костадинов.

Пратеникот повика да пратениците да бидат одговорни, да се стават на страната на правдата и да го изгласаат Законот за Јавно обвинителство, зад кој како што кажа, застанале и Европската Унија и САД.

Со Законот се гарантира правна разрешница за случаите кои ги отвори СЈО. „Бомбите“ остануваат докази во случаите на СЈО, покренати до 30.06.2018 година, како што беше предвидено со Законот за СЈО. Нема скриена амнестија, секој ќе одговара согласно Законите. Усвојувањето на Законот за ЈО значи огромен придонес за интегрирањето во европското семејство“, додаде тој.

На новинарско прашање кога ќе се гласа за Законот за Јавно обвинителство, тој кажа дека не може да каже точно, но кажа дека е оптимист дека ќе имаат и повеќе од 80 пратеници кои како што истакна, ќе застанеле на страната на правото и правдата.

А.Т.

Слични содржини