Костадинов: СДСМ вечерва испрати важна порака, отворени сме за сите

од Nikola Popovski
507 прегледи

Членот на ЦО на СДСМ и градоначалник на СДСМ, Перо Костадинов вечерва информира дека СДСМ испрати важна порака со одложувањето на оставката на премиерот и претседател на владеачката партија, Зоран Заев.

-СДСМ вечерва испрати порака дека е отворена кон сите, дека е партија што обединува. Најбитно е дека одлуката што е донесена вечерва ќе се постапува по неа и сите заедно ќе заложиме за тој момент, рече Костадинов пред медиумите.

Во однос на изјавата на пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи дека го прифаќа предизвикот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Костадинов вели дека се надева дека сите политички функционери ќе го запазат демократскиот курс на земјата и дека сите заедно ќе продолживаме на патиштата кои значат прогрес кон европскиот пат.

Слични содржини