Костадинов: Секоја криза, нова можност

од Nikola Popovski
587 прегледи

„Секоја криза, нова можност! Трпение, мудрост, работа…“, вака новиот градоначалник на Струмица и член на СДСМ, Костадин Костадинов прокоментира откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави ново мнозинство.

Мицкоски вечерва објави дека формирале ново мнозинство во Собранието заедно со Алијанса/Алтернатива, Беса и Левица.

-Ја очекуваме оставката на Заев. Доколку тоа не се случи, ќе поднесеме постапка со која ќе се изгласа недоверба на владата. За сите детали јавноста ќе биде запознаена во следните денови. Затоа беше средбата вечерва, за да излеземе пред народот. Доколку Заев не ја достави, тогаш ќе изгласа недоверба на владата. Сите опции се во игра сега. Можни се и предвремени избори, рече Мицкоски пред новинарите, после средбата во Собранието.

Слични содржини