Костадинов: Тежок ден за мојата Струмица

од Aleksandar Petrovski

После инцидентите во струмичката болница, се огласи пратеникот од СДСМ и портпарол на партијата Костадин Костадинов кој го нарече овој тежок ден за неговиот град.

„Тежок ден за мојата Струмица…На овој голем празник Мала Богородица сакам само да упатам апел на силно лидерство, одговорност, но и апел на толеранција.Вредностите на соживотот, взаемното разбирање, почитување, единството се градат мачно и се непроценливо богатство на граѓанството од секаков аспект, но се рушат за еден миг! Со силно лидерство и огромно разбирање, мораме да се обединиме во духот на толеранцијата, во име на нашето заедничко утре.Почитувајте ги мерките, почитувајте се себе, оти на крајот од денот, се зависи од сите нас“, напиша Костадинов на својот профил на „Фејсбук“.

Слични содржини