Костадинов: Валандово е Калифорнија во Европа

од Nikola Popovski
349 прегледи

Општина Валандово ја раководиме сите заедно, а не треба да заборавиме каде бевме а каде сме сега, денес Валандово е приказна со затворени рудници, со систем за наводнување од 25 милиони евра, со визија која што мораме да пренесува на идните генерации дека овде има 300 сончеви денови годишно, ние сме Калифорнија во Европа, и треба да се развиваме преку земјоделие но пред се мораме да си помагаме, порача градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

Тој додаде дека Валандово денес е една од најтрансапрентните општини во државата, а пред 3,5 години биле на дното.

Тој нагласи дека во само еден мандат е направена целосна реконструкција на детската градинка Калинка во Валандово, изградена е нова градинка во Брајковци, се гради во Јосифово, ќе се гради и нова во Пирава, инвестициите во образованието ги сметаме за најбитни.

Слични содржини