Костадинов: Ветувам убедлива победа во мојата Струмица во првиот круг

од Nikola Popovski

Мои струмичани и струмичанки, благодарам за поддршката што сте ми ја давале и ми ја давате, благодарам на претседателот на СДСМ Зоран Заев и целото раководство и извршен одбор за шансата што ми ја давате, да направам нова, модерна, европска и граѓанска Струмица за сите, објави новиот кандидат на владеачката партија за градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.

Тој ветува дека „оваа значајна и огромна поддршка, што значи победа убедлива во прв круг, нема да ја изневерам“.

-Мотивиран токму од потенцијалите кои ги препознав за нашето Општество, можностите и иднината во регионалниот развој, како и европската филозофија за локално делување, одлучив политичката кариера да ја продолжам во рамки на Локалната самоуправа.Со овој чекор се насочувам кон мојот роден град, градот кој го знам и за кој знам дека можам многу да направам. Токму од Струмица, на локално ниво, чекор по чекор може да се даде придонес за целокупната слика и добросостојба за нашата татковина, поаѓајќи од грижата за нашите сограѓани. Сето ова е голема обврска и одговорност за секој човек кој се нафаќа да менаџира со луѓето и ресурсите. Свесен сум дека од мене, како потенцијален Градоначалник се очекува Градот и Општината да одат напред. Како Струмичанец, знам како, посочува Костадинов и додава:

-Верувам дека со моето досегашно искуство, капацитетите кои веќе ги поседува Општината, можностите кои се пред нас, како и со една посветена работа во правец на искористување на потенцијалите, посебно на оние кои ги има и ги очекуваме од Европската Унија, ќе го потврдам напредокот на Струмица и Регионот, напиша Костадинов на Фејсбук.

Слични содржини