ВМРО-ДПМНЕ безобразно ја злоупотребува ситуацијата со пратеници заболени од ковид и со пратеници кои се изолација, за да ги кочи сите важни процеси и закони за граѓаните, изјави Костадин Костадинов, пратеникот на СДСМ.
Тој изјави дека денешната ситуација немала да биде ваква ако ВМРО-ДПМНЕ не ги блокирала измените на Деловникот за работа со кои можеше да се обезбеди работа од далечина на пратениците позитивни на ковид или се во изолација.
-ВМРО-ДПМНЕ блокира се што е во интерес на граѓаните, нивните пратеници не влегуваат во салата, не работат за граѓаните што ги гласале.До каде оди нивната деструктивност зборува и фактот што денеска од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе ја блокираат и утрешната седница на која се и барањата за интерпелација поднесени токму од ВМРО-ДПМНЕ, како и Информација во врска со актуелните состојби во здравството, исто така поднесена токму од ВМРО-ДПМНЕ.Пратенциите на ВМРО-ДПМНЕ да не бараат алиби и да нудат оправдувања за нивните блокади туку да почнат да работат за граѓаните, изјави Костадинов.