Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ направи се што е можно да не успееме да го донесеме петиот сет на економски мерки

од Nikola Popovski

Костадин Костадинов од СДСМ, преку објава на Фејсбук, со извинување до граѓаните за вчерашните ситуации во Парламентот, како што вели, за срамот кој сакал или несакал го споделува заради пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пајпрво сакам да се извинам за срамот кој сакал или несакал го споделувам заради пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска беше очаен ден за собранието, значително се наруши дигнитетот на сите нас.“, напиша Костадинов.

Тој, вели дека ВМРО-ДПМНЕ направиле сè за да не се донесе петтиот сет економски мерки, помо за граѓаните и коимпаниите.

„ВМРО-ДПМНЕ направи се што е можно да не успееме да го донесеме петиот сет на економски мерки кон граѓаните и компаниите.

Во целиот тој деструктивен занес и злоба посегнаа по колешка пратеничка само заради тоа што ја кажа вистината.

Дека се деструктивци, дека не им мислат добро на граѓаните ниту на државата.

Почитувани сограѓани, ние не можеме да контролираме кој од нас како пратеници утре ќе се зарази и ќе биде оневозможен да работи, едноставно не сме ние имуни на Корона вирусот.

Во исто време ве уверувам, покрај сета злоба ќе успееме и ќе го изгласаме новиот сет на економски мерки многу брзо.

Тоа сме го докажале многу пати до сега.

Ви се поклонувам на трпението и благодарам за разбирањето.“, објави пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадинов.

Слични содржини