Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ велат не го признаваат уставното име, а поднесуваат амандмани под името С. Македонија

од Aleksandar Todeski
159 прегледи

Развоен буџет според реални економски параметри, вака пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов го претстави буџетот кој денеска на пленарна седница ќе се разгледува од пратениците.

„Со буџетот се обезбедува значителен раст во платите на образованието, здравството, но и пензиите.  Повикуваме на конструктивна дебата во Собранието и очекуваме од сите пратеници да го поддржат буџетот кој е во интерес на економијата, државата и секако во интерес на граѓаните. Сакам да им порачам на колегите од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со деструктивното однесување. За жал тие продолжуваат да ги блокираат реформите преку илјадници аманмадни со една цел, да ги заштитат криминалците од нивните редови“, рече Костадинов.

Според него, за ВМРО-ДПМНЕ е лудило да се носат закони во интерес на граѓаните, лудило било да растат платите, да се донесе законот за стечајци, да се намалат казните.

„Треба да имаат предвид дека ова нивно лудило кое е на штета на граѓаните, со сигурност истите тие граѓани добро ќе препознаат на 12 април. Секоја иницијатива и постапка на ВМРО-ДПМНЕ помалку или повеќе е контрадикторна. Партијата вели дека не го признава новото уставно име, а нивните пратеници немаат проблем да примаат плата од Собранието на Република Северна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ која се прокламира како прозападна партија, не сака да го гласа законот за одбрана зошто стоело уставното име, а амандманите ги поднесуваат под уставното име Република Северна Македонија, со измена Република С. Македонија“, истакна порптаролот на СДСМ.

Костадинов додаде дека на видеото кое го објави бугарскиот премиер Бојко Борисов можело да се види дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го прифатил договорот со Бугарија, а веќе било јасно и дека го прифаќа и Преспанскиот договор. Тој додаде дека нема ништо спорно во тоа, истакнувајќи дека е добро што кончено прифаќаат нешто што е добро за државата.

А.Т.

 

Слични содржини