Костадиновска-Стојчевска: ВМРО зголемуваше плати по телефон, сега во културата професионалноста е над партијата

од Nikola Popovski
187 прегледи

Културата веќе неколку години не е репер за партиски вработувања, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во гостувањето во ТВ24. Таа додаде дека секогаш мора да надвладува професионалноста над партискиот момент.

-Треба да престане тоа јавно мнение дека администрацијата е партизирана и дека администрацијата е војска за гласање итн… токму затоа сметам дека ситуацијата со платите во јавната администрација треба еднаш засекогаш да добие законско решение кое што понатаму никој повеќе нема да може да го оспори, никој повеќе нема да може да манипулира бидејќи како што кажав уште еднаш ќе повторам, сведоци сме и јас и сите други министри со какви тужби сега се соочуваме заради телефонско зголемување на плати, не само на јавната администрација еве јас како министерка за култура во една одредена институција кога по телефон се зголемиле платите и на културните работници по телефон, на пример, во 2014 година, кажа министерката.

Според неа треба да се усогласат сите плати во јавниот сектор.

-Се согласувам дека секое работно место има своја тежина, како што има тежина работата на помалиот соработник, на државниот советник, на претседател, премиер, министер итн…Како што кажав на самиот почеток, јас како министерка за култура нема да зборувам за другите министерства, сега доспеваат оние долгови кои што ни следуваат допрва кога ваквите покачувања на плати се правеле на привилегирани личности не само во институциите од областа за култура или на еден дел од јавната администрација во тие институции. Затоа сметам дека треба да избегнеме било каква понатамошна дисторзија на системот, се согласувам дека треба да има ред во однос на кој каква плата ќе зема, дека треба да имаме систем на плати, се согласувам дека не смее да има разлика во платата помеѓу вработен во Министерството за култура и вработен во институција од областа на културата, рече Костадиновска-Стојчевска.

Слични содржини