Костадиновска-Стојчевска: Да се биде жена во политиката е успех, но и борба

од Stefanija Kuzmanovska
235 прегледи

Да се биде жена е привилегија, а да се биде жена во политиката е успех и борба, во една сѐ уште машка професија. Живеењето како жена во политиката во свет каде што доминира машкото присуство е едно изразено предизвикувачко искуство, изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска за „Градска.мк“.

„Во свет каде што сексизмот и дискриминацијата во политиката се реалност, жените се соочуваат со предизвици во форма на скриени предрасуди и ограничени можности за напредок. Во овој контекст, искуството на жените политичари станува борба за изградба на легитимност и прифаќање“, додава таа одговарајќи на прашањето колку е тешко да се биде жена во политиката во време кога секојдневно сме сведоци на родово-базирано насилство во општеството.

Министерката додава дека многу жени во политиката се борат за пробивање на тие ограничувања.

„Истрајноста и ангажираноста на жените политичари стануваат инспирација за другите, а нивните борби оставаат траен отпечаток врз формирањето на инклузивна политичка средина“, вели Костадиновска-Стојчевска.

Слични содржини