Костадиновска-Стојчевска денеска свечено ќе го отвори „Крушево – Град на културата 2023“

од Nikola Popovski

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска, 26.5.2023 г., во Крушево ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста по повод започнувањето на културната манифестација „Град на културата“.

Манифестацијата, која се одвива под мотото „Крушево – жив споменик на културата“, ќе почне во 17:00 часот со посета на галеријата „Никола Мартиноски“, како потсетник на доајенот на ликовната уметност кој изврши големо влијание за современиот развој на државата во 50-тите и 60-тите години на минатиот век.

Свечената програма, со наслов „Безвременска хармонија“, ќе почне во 18:30 часот пред споменикот „Македониум“, со концерт на евергрини на Камерниот оркестар од Битола, на кој ќе настапат македонските музички ѕвезди: Елена Ристеска, Мики Јовановски-Џафер, Ристо Самарџиев, Дарио, Кристина Арнаудова, Пере и „Нокаут“, Наде Талеска, Димитар Андоновски, Тамара Стојковска, Марија Цветаноска, Александра Трајческа и хорот „Проарс“.

Во рамките на манифестацијата, во Крушево во текот на целата година ќе се реализираат голем број настани на различни локации во и околу градот.

Реализацијата на програмата на проектот „Културен град“ е во соработка со локалната самоуправа и е од особено значење за зајакнување на културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво.

Слични содржини