Костадиновска-Стојчевска: Град Скопје не ги префрла ингеренциите за реновирање на Универзална сала, немаме никаков одговор

од Nikola Popovski
343 прегледи

„Министерството за култура се уште нема ништо преземено во врска со Универзална сала. Имаше само две гласања на седница на Советот на Град Скопје, каде советниците се согласија ингеренциите за реконструкција да преминат на министерството. Но, за да биде финализирано треба Град Скопје да го подготви договорот кој треба да го потпишеме јас како министерка и градоначалничката Арсовска“ рече министерката за кулутра Бисера Костадиновска-Стојчевска во утринската програма на МТВ.

Таа додаде дека тоа досега не е случено и од изгласувањето на одлуката два пати се обратиле до Град Скопје, но за жал не добиле повратна информација.

„Се добива впечаток дека сега Универзална сала припаѓа на Министерството за култура, но тоа не е така. Ние дури и излеговме од ингеренциите и припремивме предлог одлука, за да ја убрзаме постапката и со пропратно писмо ја пративме до службите на Град Скопје, да помогнеме, но немаме никаков одговор“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура испрати апел до службите на Град Скопје да се забрза процесот, бидеќи Универзална сала стануав опасна доколку биде оставена во оваа фаза и во ваква состојба.

Слични содржини