Костадиновска Стојчевска: Изречена е мерка наредба од страна на инспекцијата, спомен плочата во Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба

од Vladimir Zorba
201 прегледи

„Заштитата на културното наследство мора да е приоритет на сите и грижата да биде заедничка, и на централно и на локално ниво,“ пишува во објавата на својата ФБ страна, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Министерката објави дека спомен плочата во Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба, како и дека е изречена мерка наредба од страна на инспекцијата при Министерство за култура.

По тој повод, таа апелира на поголема совесноста од секој поединец кон културните и историски споменици, а во спротивно дека негрижата и дејствијата во насока на нивно уништување ќе бидат соодветно казнети.

Во објавата на ФБ пишува и дека инспекторите за култура извршиле вонреден инспекциски надзор по повод отстранувањето на спомен-обележјето на осудени лица од фашистичкиот окупатор во 1941 година, при што се констатирани прекршоци и на сторителите им се изречени законски глоби, согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата. Како и дека, дополнително е извршен и инспекциски надзор во Општина Струга за поставувањето на спомен-плоча за основно училиште „Битолски конгрес“ во 1941 година и за градоначалникот, кој е надлежен за истата и е изречена законски утврдена глоба.

Слични содржини