Жалам што денес сме овде со оваа причина. Вознемирена сум од ова што е позади нас. Пожарот е локализиран и изгаснат. Барам брзо постапување од страна на институциите, изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска за пожарот што ја зафати Универзалната сала.
Министерката апелира да не се излегува со шпекулации за причините за пожарот. Според неа, нема жртви и починати лица, односно целиот објект бил празен.
-Бев информирана дека изгорел внатрешниот дел од салата. Важно е да се знае дека надворешната челична конструкција е противпожарно заштитена. Ќе се утврди материјалната штета пред да се продолжи со понатамошни градежни активности и ќе се утврди причината. Објектот е осигуран, истакна Костадиновска-Стојчевска.
-За настаниот пожар ќе ве известуваме тековно и редовно за да има информации што точно се случи, за да се избегнуваат шпекулации. Она што е сигурно е дека Скопје ќе има нова Универзална сала. Денешниот инцидент нема да нѐ премисли да се откажеме, додаде министерката.