Костадиновска Стојчевска: Спомен-куќата на Тоше Проески е болно „патување“ кое го споделив со синот на Аки Рахимовски

од Берта Китинска
323 прегледи

Крушево се подготвува за одбележување на 119 годишнината од Илинденското востание, 49 годишнината од смртта на големиот сликар Никола Мартиноски и 15 годишнината од заминувањето на единствениот Тоше Проески, напиша на својот Фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која е во посета на Крушево.

Посетата на Галеријата на Мартиноски, богата со вредни дела кои тој му ги подари на своето родно Крушево, е исклучително доживување.Спомен-куќата на Тоше Проески е болно „патување“ кое го споделив со синот на Аки Рахимовски, Кристијан.Крушево се подготвува за големи настани зашто, во највисокиот град на Балканот, одамна се вгнездила и историјата и непокорот и уметноста и убавината. Крушево е подарок, напиша Костадиновска Стојчевска.

Слични содржини