Костадиновска-Стојчевска: Универзална е се уште на Град Скопје, Арсовска не ги пренесува ингеренциите

од Nikola Popovski

Универзална сала се уште е на Град Скопје затоа што одлуката за пренесување на ингеренциите се уште не е потпишана од градоначалничката Данела Арсовска. Веќе поминаа два и пол месеци, а ние интензивно неколку пати се упатувавме до градската администрација за да се забрза постапката, изјави денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Според неа, потребно е да се пренесе правото за реконструкција на Министерството за култура до завршување, а потоа повторно да се вратат надлежностите на Град Скопје.

-Се уште немаме одговор, редовно се обраќаме. Мораме сите заедно да учествуваме во процесот, кажа Костадиновска-Стојчевска.

Како што додаде министерката, процесот на кој што се заснова проектот „Европска престолнина на култура“ за Скопје, не е поврзан со реконструкцијата на Универзалната сала.

Слични содржини