Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска потенцира дека со последното покачување на мартовските плати на културните работници, примањата вкупно се зголемени за 52%. Според неа, тоа е на завидно ниво на кое го заслужуваат. Костадиновска Стојчевска потенцира дека напорно работат за недоумиците на работниците и се борат за нивните плати.
-Не е фер да кажуваат дека некој сака нешто да скрие или да лиферува некакво решение. Во секој момент кој сака да провери, го може тоа. Од самото потпишување на Колективниот договор, истиот е испочитуван. Во последните буџети, зголемувањето на платите им е предвидено. Никој што не сака да им скрати на работниците, рече министерката на прес-конференција во однос на обвинувањата од Синдикатот за култура.
Очигледно, додава таа, „некој сака да создаде поинаква слика од други побуди“.
-За четири години, платата на културните работници се зголеми за 52% според сите договори. Општиот колективен и нивниот колективен договор остануваат непроменети, како и нивните коефициенти. Треба да се докажуваме со аргументи, истакна Костадиновска Стојчевска.