Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски информира дека Судот во текот на утрешниот ден ќе има редовен работен состанок на која ќе се утврдат имињата на експертите за подготвителната седница околу Законот за употреба на јазиците. Побаран е претставник и од Венецијанската комисија.
-Тие не зависат од мене, ниту од судијата известител. Очекувам дека утре ќе бидат утврдени спорните правните прашања и листата на учесници. Секој од судиите е слободен да дава идеи и предлози. Испратено е писмо и до Венецијанската писмо и имамте повратен одговор дека пријателскиот совет ќе биде усвоен на седницата на 14-ти и 15-ти март што значи дека подготвителната седница може да се очекува веќе наредните денови потоа, рече Костадиновски на прес-конференција.
Според Костадиновски, на листата има повеќе од 20-тина имиња и тоа се експерти по уставно право, меѓународно право, човекови права, поранешни судии…
-Како владеењето на правото може да дестабилизира држава? Напротив, невладеењето може да дестабилизира. Јас имам јавно кажано дека имам слушнати непримерни изјави и од премиерот во однос на тоа кој ги избрал уставните судии и кој може да влијае. Едно е политички притисок, а друго е влијание.
Анализирајќи ги изјавите на премиерот кој неколку пати има искажано кој ги избрал уставните судии. Ирелевантно е кој ги избрал. Секоогаш некој состав на Собранието ќе ги избере судиите. Тоа никако не може да значи дека тој состав на Парламент може да влијае, рече претседателот на Уставниот суд, одговарајќи на новинарски прашања.
Во пресрет на седницатa на Уставниот суд на 11 декември на која се разгледуваа оспорени одредби од Законот за употреба на јазиците, претседателот на Владата, Христијан Мицоски говореше дека „на ДУИ многу им е јасно како функционира Уставниот суд бидејќи тие ги бираа судиите таму“. Според него, „во детали ги бираа судиите и буквално таму не можеше никој да биде уставен судија или каков било судија доколку не го помине филтерот на ДУИ“.