Костовска: Двете новороденчиња воопшто не примиле вакцина Дитепер

од desk3
101 прегледи

Двете бебенца за кои во медиумите беше објавено дека постои можност да починале по прием на вакцина Дитепер воопшто не биле вакцинирани со неа, соопшти денеска Јованка Костовска, претседател на Комисија за заразни болести.

8594943844

Формирана е комисија која ќе изврши контрола кај матичниот лекар, кај тимовите за вакцинација и секаде каде што биле лекувани овие деца или биле примени пред да им биде констатирана смрт. Се чекаат резултатите од обдукцијата кои треба да покажат од што настапила смртта, информира Костовска.

Едното од бебињата било на двемесечна возраст, а другото имало еден месец. Едното е од Студеничани, а другото од Шутка.

Дитепер вакцина се дава, како што појасни Кокстовска, дури по наполнети три месеци.

Првите неофицијални сомнежи се поврзуваат со истата вакцина која ја примиле двете новороденчиња.
Како што претходно соопшти Aлсат М се работи за вакцината Дитепер, користена само две дена пред да починат новороденчињата.

Роднините, иако потресени од трагедијата, не се подготвени да зборуваат пред камерите.

Случајот за Алсат М телевизија го потврдиле од полицијата и од вештачењето.

– На 1 март во Студеничани е пријавено дека за 12 месечно новороденче, родено во декември 2014 година, била повикана брза помош.