Костовски: 53 милиони од ЕУ за три капитални проекти, придобивките од евроинтеграцијата на дело

од Radmila Tasevska
173 прегледи

Пратеникот од владеачката партија, СДСМ, Мартин Костовски, изјави дека 53 милиони за Македонија одобри Европската комисија преку повикот за инвестициски грантови за три нови проекти.

„Процесот на евроинтеграција носи конкретни придобивки за државата и за граѓаните, унапредување на инфраструктурата, развој на економијата и раст на стандардот.

53 милиони за Македонија одобри Европската комисија преку повикот за инвестициски грантови за три нови проекти.

Средствата се наменети за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан и опфаќаат реновирање на шест хидроцентрали, изградба на ветерен парк во Богданци и изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, југозападниот и југоисточниот регион.

Претходно, во јули минатата година беа одобрени првите четири инвестициски проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, во вредност од 225 милиони евра, за дел од железницата Македонија-Бугарија, набавка на опрема за фотоволтаичните станици Осломеј 1 и Осломеј 2, за фотоволтаична централа Битола, како и за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје.

Ова е директна и конкретна помош а нашата држава да ги изведе реформите, но и побрзо и полесно да ги достигне европските стандарди преку подобрување на животната средина и унапредување на инфраструктурата.

Средствата од европските фондови обезбедуваат унапредување на енергетската независност и заштита на животната средина што понатаму сериозно влијае врз подобрување на квалитетот на живот за македонските граѓани.

Со напредокот во евроинтегративниот процес, ќе се отвораат и нови фондови, поддршката за нашата држава ќе биде уште повеќе изразена и затоа е важно секој од нас да покаже одговорност, да даде свој придонес кон носењето на потребните реформи.

Европскиот пат носи развој и напредок на државата, европски вредности и сигурна иднина за подобар живот на граѓаните“, стои во текстот од прес-конференцијата на пратеникот Мартин Костовски.

Слични содржини