Да се контролираш во даден момент од пцовки и навреди од “невротичниот” колега е одлика на здрав ум. Безброј навреди, колнења и закани можеби може да ги реши еден нокаут, но тоа на улица не во храмот на демократијата, реагираше пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски после турканиците со неговиот колега од Левица, Димитар Апасиев.
Според Костовски, агресијата на Апасиев кон него, „е само изблик на неговата немоќ, и ништо повеќе од тоа“.
-Впрочем, насилничкото однесување на Апасиев, не е ништо ново ниту за нас пратениците, ниту за граѓаните. Тоа е истиот оној Апасиев кој се закануваше дека ќе стрелал луѓе, кој секојдневни се заканува, клевети, шири говор на омраза, истакна Костовски.
Пратеникот порачува дека „ниту тој, ниту тие за кои ги одработува овие антидржавни сценарија, нема да успеат да ни застанат на патот на европската иднина на државата“.
-Влегуваме во ЕУ како Македонци, со признат македонски јазик нез никакви фусноти и додавки, со чист македонски идентитет, стои во објавата на Костовски.