Костовски бара Мицкоски и Лефков да му се извинат на Ковачевски за „Броило“

од Nikola Popovski
160 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ ја лажеше јавноста и фабрикуваше лаги против претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Тие лаги се демантирани и од Државната комисија за спречување на корупцијата која соопшти дека нема никаков основ и затоа нема да има никаква постапка, порача денеска пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски на прес-конференција пред седиштето на партијата.

Според него, „потврдено е дека измислените афери на ВМРО-ДПМНЕ се единствено со цел да се дефокусира јавноста од криминалниот тендер од 136 милиони евра во Град Скопје, за кој функционерите на ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваа за вмешаност“.

-Денес, откако и потона и последната нивна лага, Мицкоски, Лефков, и ВМРО-ДПМНЕ треба да му се извинат на претседателот Ковачевски, а потоа и на јавноста која со денови ја лажеа и манипулираа, побара Лефков.

Првата антикорупционерка Билјана Ивановска пред два дена информираше дека ДКСК нема основа за отворање случај против Ковачевски за случајот „Броило“. Ивановска изјави дека премиерот во својот анкетен лист уредно пријавил сѐ што поседува.

-Од податоците во анкетниот лист имаме сознанија дека тој не учествува во управувањето, а ги продал и сопственичките удели во фирмата. Оттука нема основ за покренување постапка за утврдување судир на интереси. Согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси функционерот кога стапува на функција управувањето на фирмата треба да му го довери на друго лице кое не е член на неговото семејство, појасни Ивановска.

Слични содржини