Костовски: БЕСА не се „лути“ на ДУИ, туку на прифаќањето на приговорот од ДИК

од Nikola Popovski

Реакцијата на БЕСА не е реакција поради постапка на ДУИ, туку поради прифаќањето на приговорот од страна на ДИК за избирачко место во Желино, каде би можело да има промена во изборниот резултат, вели пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во емисијата „Само вистина“.

Според него, и БЕСА и ДУИ се коалициски партнери на СДСМ и треба да оставиме на силата на системот на државните институции дека работат како што треба.

-Сите разлики и проблеми ќе се надминат и СДСМ ќе остане со останатите од мнозинството во мандатот. Владеачкото мнозинство е стабилно, рече Костовски.

Слични содржини