Костовски до ВМРО-ДПМНЕ: Вие не сте само против ЕУ, туку сте и против Македонија

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски денеска од собраниската говорница му честиташе на ВМРО-ДПМНЕ за губење на коалиционите партнери.

„Останаа сами, станаа нервозни, првин замина Стевче Јакимовски, па Данела Арсовска, па Алијанса за Албанците, затоа се нервозни“, нагласи Костовски, додавајќи дека 13.02.2023 година е нов пораз на Мицкоски, кој нема зголемено парламентарно мнозинство, нема парламентарни избори.

Костовски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува лицемерно, мислејќи дека го има целото време на располагање на овој народ.

„Македонија, нашите граѓани немаат време за губење. Државата мора храбро и одлучно да оди напред. Денеска може да објавиме дека се прави добар исчекор, имаме поголемо парламентарно мнозинство за реформи, за економски политики за интеграција во ЕУ“, рече Костовски.

Вистината е јасна, добрите политики, резултатот на СДСМ е најголемиот пораз за ВМРО-ДПМНЕ, порача Костовски.

Пратеникот Костовски нагласи дека најбитно е што нема веќе нијанси, се поставува прашањето или сте за Европа или сте против.

„Опозицијата заспелена од желбата за власт се изгуби во сопственото слепило не може да ги препознае вистинските вредности за државата. Кога за 30 години ќе се изучува македонска историја повторно ВМРО-овците ќе бидат на погрешната страна“, рече Костовски.

Тој нагласи дека СДСМ со гордост може да каже дека секогаш е на висината на задачата.

„Секогаш недвосмислено за вистинските вредности за Македонија, така беше и при влезот во ООН, така беше и при добивањето на кандидатскиот статус, така беше и за решавање на црковното прашање на МПЦ, така и сега кога ги отпочнавме преговорите со ЕУ. Така се однесува СДСМ, одговорно, го ствата општиот и државниот интерес, пред личниот.

Средина на февруари и повторно СДСМ ја зборува вистината, има зголемено парламентарно мнозинство, а по можеби 50-ти пат за овие три години повторно Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лаже, нема предвремени избори, нема мнозинство. Но мора да признаеме дека како партија имате една константа, кога се гласа за македонски јазик, идентитет, ве нема, празни столчиња, но полни бифеа и полни ходници, се гласа за Фронтекс ве нема. Вие не сте само против ЕУ, туку сте и против Македонија“, порача пратеникот на СДСМ Костовски.

Слични содржини