Костовски: Голема маса од ВМРО-ДПМНЕ е контра референдумот на Мицкоски

од Nikola Popovski

Референдум против ЕУ нема поддршка и нема да успее. Вчера имавме можност видовме една нерационална и непатриотска одлука на Мицкоски, со цел да успее да се претстави во своите редови како тврд орев и некој кој застанува на браникот, на одбрана на нешто што не е продадено, вели пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски околу

Според него, ништо не е продадено со прифаќањето на преговарачката рамка со ЕУ.

-Ниту има бугаризација ниту асимилација. Ние зборуваме на македонски јазик. Единствено нешто што сака Мицкоски да направи во следниот период е за да ги задржат сопствените фотелји, додава Костовски.

Пратеникот порачува дека европскиот пат ќе се изоди како што треба и РС Македонија ќе биде дел од ЕУ.

-За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ е секогаш доследен на одлуките и препораките кои што ги дава до своите членови и граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ беше најпрвин против бојкот на претходниот референдум за Договорот од Преспа, па потоа ретерираа и повикуваа на бојкот на самиот референдум. Јас ги охрабрувам тие да продолжат и да го спроведат референдумот до крај, бидејќи тоа ќе значи трајна позиција на ВМРО-ДПМНЕ. Мораме да бидеме рационални. Имаме голем процент во најголемата опозициска партија кои се проевропски настроени и кои на отворена маса се спротивставуваат на раководството. Зборувам и за пратеници и за членство, голема маса, информира Костовски во емисијата „Жешко политичко лето“.

Според него, постојат и градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кои се против одлуката за собирање потписи за референдум.

-Вчера на социјалните мрежи видовме лавина реакции и коментари од истакнати партиски членови после вчерашниот прес. Многумина воопшто не се согласуваат со ставот на Мицкоски, додаде пратеникот од СДСМ.

Слични содржини