Уметноста е моќна состојба и најчесто зборува за тоа каде сме во моментот или пак каде сакаме да бидеме. Таа треба да менува општества и во најмал сегмент треба да зборува за неправилностите, а секако и на луѓето да им побуди некоја емоција, вели во интервју за Стандард уметникот и дизајнер, Горан Костовски.

Иако долги години е присутен во јавноста, вели дека не би си додавал некое посебно значење во однос на неговото влијание за разни прашања кои што го засегаат обичниот човек, бидејќи суетата и егото се убијци на вистинските ние.
Во однос на тоа дали има некакви поместувања на односот на властите кон уметниците и уметничката сцена гернерално, популарниот Ин.дог. вели дека тој не е „ничие дете со педигре“ ниту пак „миленик од партија“, но се надева дека во догледна иднина ќе има некакви инвестиции за креативните индустрии, со цел уметниците да можат да се развиваат и да работат уште повеќе во земјава.
За неговата неодамнешна изјава дека уметноста не плаќа сметки, Костовски посочува дека доколку навистина сакате да создавате уметност, морате да бидете спремни да работите по неколку работи одеднаш. Да се твори во средина каде што воопшто не постои култура и тоа како е предизвик, вели Ин.дог.
Во пресрет на 10-годишнината од неговиот бренд „Celebrate life“ изрази надеж дека ќе успее да издаде книга со сите илустрации што досега ги создал.
Целото интервју на следниот линк!