Костовски: Кога ќе спомнеме правда и закон ВМРО-ДПМНЕ станува нервозна

од Nikola Popovski

„Кога и да се спомне поимот правда, сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се возбудуваат и се однесуваат чудно. Секогаш имате проблем со правда, не знам на што се должи тоа. Дали е закон за јавно обвинителство, дали е избор на јавен обвинител, секогаш кога ќе се спомне владеење на право, ВМРО-ДПМНЕ има невротично однесување, како во Собранието, така и на прес-конференции“ изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека одлуката за ваквото однесување останува на опозицијата, но граѓаните се тие кои судат и казнуваат на избори и порача дека државата станува правна држава и дека нема да помине блокадата на изборот на уставните судии.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се вклучени на најјако во обидот да направат уставна криза. Нема рационалност во таквото однесување“ рече Костовски.

Пратеникот од СДСМ изјави дека опозицјата со ваквото однесување не добива ништо, но спеак тие продолжуваат да ја следат својата партиска матрица.

Слични содржини