Костовски: Мицкоски можеби има добра намера да помогне, но не можам да тврдам со сигурност

од Nikola Popovski

Да кажеме дека Мицкоски како лидер на опозицијата во дадениот момент има добра намера да помогне на општеството, државата и Владата да се справиме со кризата, но неизбежно е да се стави знак прашалник за неговата искреност и интенција во самата таа помош. Владата има план за справување со кризата, кој беше разговаран на Советот за безбедност, вели пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во емисијата „Само вистина“.

Според него, „Мицкоски за жал ќе биде запаметен како човек кој што беше најнеуспешен директор на ЕЛЕМ и човек кој за три-четири пати ја зголеми цената на струја од далеку пониски цени“.

-Нека дојдат во собраниска процедура, сите пратеници ќе бидат активно вклучени. Сепак мислам дека ова е искрен чекор на Мицкоски, но не можам да тврдам со сигурност, гледајќи наназад за сето она кочење и опструирање, рече Костовски, говорејќи околу понудената помош за справување со енергетската и економската криза од страна на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини