Костовски: Мицкоски се обиде да ја ослабне државната позиција со Бугарија, но не успеа

од Берта Китинска
167 прегледи

Преку лажни вести, дезинформации и деструкции Христијан Мицкоски се обиде да ги ослаби државните позиции во односите со Бугарија. Мицкоски лично присуствуваше на конгрес на Европската народна партија, каде што премолчено се согласи на резолуција што ги промовира бугарските позиции. Лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека со решавањето на прашањето со Бугарија ќе се загрозеле идентитетот и јазикот, ја плашеа јавноста дека народот ќе се асимилирал, а државата ќе се бугаризирала, рече, меѓу другото, на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Марин Костовски.

Тој вели дека „со таквото срамно однесување Мицкоски се обиде да ги наруши државните позиции и националните интереси“.

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски во решавањето на спорот со Бугарија се водат исклучиво од националните интереси и црвените линии поставени со резолуцијата усвоена во македонското Собрание. За македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја и посебност, нема да има никакви преговори со кого било“, вели пратеникот од владејачката партија.

Слични содржини