Костовски: Некој нема струја да плати, а опозицијата добива патни трошоци и се изживува со народот

од Nikola Popovski

„Срам да ви е колеги од Вмро-Дпмне, срам да ви е! Излеговте од салата и повторно не дадовте поддршка да може да се работи за донесување на 5-ти пакет антикризни мерки“, вака ги коментираше настаните во Собранието, пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

Според него, „некој нема струја да плати, некој нема да преживее, а опозицијата се изживува со нашиот народ“.

„Од синоќа не заслужувате да ве нарекуваат народни пратеници, вие сте се само не народни. Само за илустрација додека се молиме да го изгласаме петтиот сет на економски мерки, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ добија и дневница и патни трошоци, гледајќи ја седницата на телевизор во ходник!? Исти сме, ама не сме исти“, потенцира Костовски.

Слични содржини