223
Сопственикот на Еуростандард банка, Трифун Костовски на прес-конференција денеска заедно со својот син посочи дека одземањето на дозволата од страна на Народната банка „е однапред смислено сценарио“.
Еуростандард банка западнала во таква лоша состојба, според него, поради претходното раководство, односно поранешниот претседател на Управниот одбор, Николче Петковски, против кого ќе поднесе кривична пријава.
Најави дека правдата ќе ја бара пред меѓународните институции.
„Ќе одиме пред сè во арбитража, каде што доколку го добиеме спорот што ќе го отвориме понатаму, средствата ќе бидат наменети за нашите коминтенти“, најави Коста Костовски.