303
„Техничка Влада може да се укине за следните избори. Тоа СДСМ во следниот мандат ќе го направи. Затоа што во државата демократијата е унапредена. Веќе не постојат влечење за уши, луѓе од Мала Преспа, неработење на лифтовите во Центар. Го паметиме тој период од црната деценија од ДПМНЕ каде што ги влечеа Ромите за уши за да гласаат. Ги знаеме тие снимки од разговори од бомбите на Заев што ги споделуваше“, изјави пратеникот од редовите на СДСМ Мартин Костовски го неговото гостување на емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
Тој додаде дека граѓаните знаат дека СДСМ ја унапреди демократијата и дека успеа да направи квалитетен европски демократски процес.
„Бидете сигурен дека во наредниот мандат СДСМ ќе ја укине техничката влада“заклучи Костовски.