Костовски за скандалот со полициските униформи: Тошковски е фатен жив – нема траг од фирмата што доби тендер од МВР, ниту табла ниту вработени

од Nikola Popovski
37 прегледи

Се наоѓаме пред зградата во општина Карпош во Скопје, на адресата каде што, според официјалните документи, е регистрирана една од фирмите која доби тендер вреден 4 милиони евра од МВР. И што најдовме тука? Апсолутно ништо! Нема нема табла, нема вработени, нема ниту трага од компанија што би можела да спроведе сериозна јавна набавка, а камо ли специјализирани униформи за полицијата, изјави организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски на денешната прес-конференција за скандалите во МВР.

Членот на СДСМ смета дека министерот Панче Тошковски е фатен жив во голем скандал и треба да одговори дали фирмата има фиктивно седиште.

-Како е можно една „компанија“ без капацитети, без историја, без вработени, да добие тендер во МВР вреден 4 милиони евра за униформи? Ова не е обичен тендерски скандал. Ова се основани сомнежи за системска корупција, која оди до самиот врв на власта. СДСМ бара итна истрага од Јавното обвинителство и поништување на овој скандалозен тендер, порача Костовски.

Тошковски вчера ги повика Јавното обвинителство и останатите институции да го истражат не само тендерот за набавка на униформи, туку сите останати тендери за кои постојат индиции за какви било сомнежи во делот на незаконитост. Тој демантираше дека сопственичката на модното студио, за кое опозициската СДСМ обвини дека е основано непосредно пред распишување на тендерот и е со двајца вработени, е пријателка на неговата сопруга.

Слични содржини