Котлар: Русија е креатор на бугарската држава од 19. век

од Nikola Popovski
227 прегледи

Професорката по историја од Институтот за национална историја Наташа Котлар вели Русија е креатор на бугарската држава, култура и нација од 19-век па натаму.

-Таа политика која е создадена во тој период и денеска е присутна. За какво добрососедство можеме да зборуваме кога од старт другата страна ни вика дека не признава постоење на македонска нација, народ и историја? Проблемот кај нас е дека многу порано требаше да се истакне дека македонскиот народ е суверен на оваа територијата, врз основа на одлуките на АСНОМ. Требаше да се гради една симетрична надворешна политика,а не асиметрична. Ние не доживеавме претставниците на македонската надворешна политика да заземат соодветен став кон другата страна, бидејќи мора да се грижи за достоинството, честа и угледот на македонските граѓани, вели Котлар во емисијата „Само вистина“.

Според неа, вербалните ноти во последниот период се замајување на јавноста.

Слични содржини