289
ЕУ е најпосакувана алтернатива, но не е единствена, вели претседателот на МАНУ акададемик Љупчо Коцарев во Трилинг.
-Велепредавство може да направат само македонските политичари, само ние можеме тоа одвнатре да го направиме, вели академикот.
На прашањето кaко работи во моментов МАНУ, Коцарев потенцира дека тој во моментов работи на три проекти.
-Јас во моментов имам три проекти едниот од министерството за здравство на Америка, другиот од фондација од Германија и третиот е од ЕУ, вели тој.
Во врска со тоа дали на повидок е поделба на националната академија тој вели дека „не верувам, но ќе видиме во септемрви“.
Тој нагласува дека не се плаши од Бугарија туку не им верува на нашите политички елети.