Коцарев тврди дека има „света војна против македонството“: Измените на Уставот се промовираат од организиран и скриен сојуз

од Nikola Popovski

Претседателот на Академијата на науките и уметностите, Љупчо Коцарев, смета дека „промената на Уставот ја промовира скриен, но добро организиран и меѓународно синхронизиран сојуз, сојуз за света војна против македонството, составен од сили во Македонија и во ЕУ“.

Говорот на Коцарев бше одржан вчера на отворањето на конференцијата на тема „Улогата на историските личности во историјата и во колективната меморија“, во просториите на МАНУ.

„Во Македонија од една страна се пропагираат глупости, апсурдност, незнаење, апатија, промена на уставот, а од друга страна секој што зборува за македонство е етикетиран како националист, предавник и лажго. За разлика од оние кои инсистираат на промена на уставот, јас сум згрозен од фактот што во демократска Македонија, во 21 век, како граѓанин на мојата земја, принуден сум да избирам помеѓу овие две опции. Мојот избор без двоумење е „не“ за промена на уставот и „да“ за ЕУ“, изјавил Коцарев.

Коцарев постојано го искажуваше својот став против измените во Уставот на Република Северна Македонија, кои се услов во преговарачката рамка на земјата за членство во ЕУ, Тој исто така смета дека договорот од Преспа со Грција и договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, работат против интересите на земјава.

Слични содржини