Коцијанчиќ: ЕК очекува избор на нов спикер и влада без одложување

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Европската комисија очекува да се избере нов собраниски спикер и да се формира Влада базирана на парламентерното мнозинство кое постои.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ денеска на прес – конференција порача дека Влада мора да се воспостави без одложување.

„Знаете дека двајцата, Високата претставничка и комесарот Хан го повикаа претседателот да ја преиспита неговата позиција. Ние сега очекуваме сите политички лидери и институции да дозволат демократскиот процес да се одвива, а ова го вклучува и изборот на нов спикер, што ние би сакале да го видиме без одложување, потенцираше Коцијанчиќ.