Со измените за трошоците за дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти во приватните болници ќе се се движат од 40.000 до максимални 305.000 денари.Ваквото регулирање на цените во време на пандемија е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја, вели на Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.
Тој вели дека овие чекори се преземаат за да се овозможи здравствените услуги во приватните болници да бидат подеднакво економски достапни за сите граѓани.
Покрај ова, со предложените законски измени е предвидено и користење на ресурсите на приватните болници доколку условите го наложуваат тоа согласно состојбата предизвикана од пандемијата во име на заштита на јавното здравје и се забранува преземање на здравствени работници од јавното здравство од страна на приватните здравствени компании.Истовремено, предвидени се и измени во делот на глобите за прекршоци доколку приватните здравствени установи не постапуваат согласно законските одредби.Измените на Законот за здравствена заштита во Собранието наскоро ќе се најдат пред пратениците во Собранието.Како парламентарно мнозинство, ги повикуваме сите пратеници да ги поддржат овие измени со кои цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски поиздржливи за сите граѓани, изајви Коциќ.