Од почетокот на пандемијата со коронавирусот, од ВМРО-ДПМНЕ гледаме само неодговорно, деструктивно однесување на штета на јавното здравје, на штета на здравствениот систем.Тоа незрело, неодговорно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ кулминира со конструирани случаи и денешното барање за отповикување на министерот за здравство доктор Венко Филипче, вели Ненад Коциќ, пратеник од СДСМ.
Тој вели дека и во напорите и обидите на Владата и Министерството за здравство да обезбедат вакцини, тие задолжително и по автоматизам гледаат провизија.
-Срамно е да се прават обиди за политичко профитирање преку креирање лажни скандали кои се поврзани со јавното здравје на сите граѓани, без разлика на етничка, верска и политичка припадност.Кога во светот буквално се води трговска војна да се обезбедат вакцини, ВМРО-ДПМНЕ заради тесно партиски интереси, свесно и со умисла му наштетува на угледот на државата, вели пратеникот на СДСМ.
Коциќ изјави дека ВМРО-ДПМНЕ создава атмосфера на јавен линч на секој кој ќе се обиде да помогне во набавката на вакцините.
-Буквално до пред некој ден на ВМРО-ДПМНЕ му пречеше затоа што наводно институциите биле спори во набавката на вакцини, а денес критикуваат зошто институциите прават напори да обезбедат вакцини од што е можно повеќе производители. Нека се одлучат што точно им пречи.Едноставно, опозицијата не може да излезе од режимската матрица и се уште наивно верува дека колку полошо е за граѓаните, толку подобро ќе биде за ВМРО-ДПМНЕ, И оваа интерпелација како и претходните нема да успее и ќе биде забележана како нов дебакл на партијата предводена од докажаниот губитник Мицкоски, вели Коциќ.