Коциќ: Каков референдум бара Мицкоски? Против македонскиот јазик во ЕУ?

од Nikola Popovski
248 прегледи

Врз основа на она што можеме да го заклучиме од релевантни правници, освен име и презиме нема ниту адреса ниту матичен број во нивните изјави, а ниту број на лична карта на лицата коишто се потпишани на тие нотарски изјави. Поради тоа ќе оставам на стручната јавност да проценува дали овие изјави се валдини или не, изјави Ненад Коциќ, пратеник од СДСМ на новинарско прашање како владеачката партија ги коментира заведените изјави на нотар на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека ова само по себе покажува дека „нема доверба во ВМРО-ДПМНЕ за она што имаат план да го прават штом имаат потреба на нотар да даваат изјави, пратеници кои се избрани од граѓаните од оваа држава да се обврзуваат со нотарски изјави како ќе постапуваат во следниот период“.

Коциќ прашува „за што всушност Мицкоски бара референдум?“

-Пред неколку денови Собранието донесе заклучоци со кои се задолжува Владата, оваа и секоја идна, да во текот на преговорите со ЕУ нема да смее да преговара за македонскиот јазик, идентитет и историја, а билатералните прашања да не бидат дел од преговарачката рамка. Дали ова им смета на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски? Дали се против на она што го донесовме како заклучоци во Собранието со што ја обврзуваме Владата?, праша пратеникот од СДСМ на прес-конференција.

Слични содржини