Коциќ: Кршењето на Ковид протоколите од страна на Мицкоски е неодговорно и опасно по јавното здравје

од Берта Китинска
257 прегледи

На денешната прес – конференција предводена од Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ, истакна дека Мицковски продоложува со несовесно однесување. На Истата изјави дека додека неговите сопартици глумат загрженост поради физичко присуство на ученици тој ги крши протоколите седејќи во просторија полна со луѓе.

-Додека медицинскиот персонал е истоштен од долгата и напорна борба против вирусот, Христијан Мицкоски продолжува со своето неодговорно однесување. Додека неговата ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за здравјето и бара наставата да се одвива онлајн, целата јавност го виде Мицкоски како во тесна просторија полна со луѓе, ги крши протоколите за заштита од коронавирусот. И не е првпат Мицкоски без срам да го загрозува јавното здравје. Јавноста многу добро памети дека за време на првиот бран, тој одеше во кафеани и фитнес центри кои во тој период не смееја да работат, вели пратеникот. Да се постапува спротивно на мерките за заштита не само што е неодговорно, туку е и опасно по јавното здравје. Секој од нас, а особено политичарите има обврска со сопствен пример да покаже одговорност во време на вакви тешки пандемии, вели пратеникот Коциќ.

Слични содржини