Коциќ: Наместо да поддржуваат протести против вакцинација, ВМРО-ДПМНЕ да ги повика граѓаните да се вакцинираат

од Берта Китинска

Само со масовна вакцинација ќе успееме да се вратиме во нормалните текови на секојдневно функционирање.Граѓаните треба да покажат одговорност кон своето и јавното здравје и да ја искористат можноста да се вакцинираат на еден од бројните вакцинални пунктови, вели Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Тој упати повик и до опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски.

-Наместо да прават евалуација на кампањата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги повикаат граѓаните да се вакцинираат.Наместо да поддржуваат протести против вакцинација, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски барем еднаш да покажат одговорност и да ги повикаат членовите на партијата и граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.Оваа борба против коронавирусот бара одговорност и посветеност од секој поединец од секоја група на граѓани, рече Коциќ.

Слични содржини