„Здравствениот систем со одлична динамика го спроведува процесот на масовната имунизација против коронавирусот. Од ден во ден се зголемува темпото на вакцинација во нашата држава, системот функционира доста успешно и без потешкотии“, соопшти денеска Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.
„Освен во Скопје, од оваа недела започна масовната имунизација и во вакциналните пунктови во Тетово, Битола, Кавадарци, Охрди, Штип и Куманово, а се очекува во наредните денови да се отворат вакциналните пунктови за масовна имунизација во Велес и Прилеп“, истакна тој.
Ги повика граѓаните да се пријавуваат за вакцинација, бидејќи само на тој начин може да се стави крај на оваа пандемија и да се вратиме на старите навики во нашите животи.
„Секој човек треба да биде одоговрен и сите заедно да придонесеме да ставиме крај на коронавирусот. Сите вакцини се безбедени, нема контра индикации и нема никакви последици од вакцините надвор од оние очекувани реакции кои се незабележителни. Само со масовна имунизација ќе изградиме колективен имунитет и ќе го победиме коронавирусот“, посочи Коциќ.